МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Од:

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата.

-Свесни сме и имаме голем број информации кои до нас пристигнуваат како од родители, деца и други членови на семејствата така и од наставници дека учебната година со физичко присуство претставува висок ризик по здравјето, како за децата така и за вработените и за семејствата поради несоодветниот начин на организирање на наставата, велат од МЕЃАШИ.

Според нив, нетранспарентноста на МОН и недостатокот на информации во поглед на бројот на активни случаи во училиштата дополнително ги зголемува сомнежите и вознемиреноста кај родителите.

Очекуваат надлежните од МОН заедно со директорите на училиштата да изнајдат начини и да го искористат убавото време, креативноста и можностите на училишните дворови и да прилагодат дел од наставата да се одвива надвор, на отворено за да им се овозможи на децата слободно да дишат.

Како што потенцираат од првата детска амбасада во светот, скратувањето на наставата и должината на часовите е уште една брза и ефикасна мерка која може веднаш да се спроведе за да се избегнат други здравствени проблеми предизвикани од долгото носење на маски.

-Ги охрабруваме родителите да се вклучат активно и преку Советите на родители и Училишните одбори да упатат барања и да предложат мерки кои ќе служат како корекција на непрактичните протоколи односно ќе донесат директни промени во интерес на децата. Родители, од вашата мобилизација, проактивност и притисок ќе зависи квалитетот на наставата под овие посебни услови и дополнително ќе придонесе децата да можат да посетуваат настава, велат во соопштение.

Како што посочуваат МЕЃАШИ, очекуваат да се отпочне расправа во најскоро време за да се направат потребните измени во законот за образование и на родителите да им се даде можност за учење од дома.

Во однос на евентуалното воведување на задолжителна вакцинација на децата од 12 годишна возраст со постоечките вакцини против КОВИД-19, од МЕЃАШИ сметаат дека оваа одлука треба да ја донесе секој родител/старател по можност по претходен разговор и консултација со повеќе стручни, професионални, доверливи и високо компетенти лица кои би биле детално запознаени со целокупната состојба и историја на болести на детето, како и во разговор со своето дете. согласно возраста и зрелоста и дека треба да биде целосно информирана и лична одлука земајќи ги предвид сите долгорочни и краткорочни ризици и бенефити од преземениот чин и дејствувајќи во најдобар интерес на своите деца.

Би можело да ве интересира

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

А1он

„Меѓаши“ одбележува 28 години постоење

Ана Ололовска