Меѓаши го одбележува 23. роденден

Од:

Првата детска aмбасада во светот – Меѓаши, чие мото е „Сите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дете“, денеска одбележува 23 години од постоењето.

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши е граѓанска организација која ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит на детската личност.

Клучни вредности и принципи во работењето на Меѓаши се партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес, волонтерски пристап во заштитата на правата на децата, промовирање и практикување на мир и толеранција преку почитување на ставовите и однесувањата на другите, еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права, отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Детската амбасада Меѓаши дејствува на меѓународно, регионално, национално и локално ниво. Согласно со Статутот на организацијата, можат да членуваат индивидуални и колективни членови.

Во изминатиот период (1992-2015) Детската амбасада Меѓаши работеше примарно на заштитата на правата на детето и промоција на детските права како и на информирање, советување, едукација и застапување на интересите на детето. Овоj домен останува од примарен интерес и во наредниот период, велат од Меѓаши.

– Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата, истакнуваат од Меѓаши.

Амбасадор на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши е Коле Ангеловски, а основачи се Гордана Пирковска – Змијанац и Драги Змијанац.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

А1он