Меѓаши ги осудува заканите и притисоците врз средношколците

Од:

Заканите и притисоците кои ги видовме се за секоја осуда! Oчекуваме одговорните лица и институции да преземат соодветни чекори околу однесувањето на наставниот кадар, во најмала рака јавно на состанок во училиштата да кажат дека нема да се толерира такво однесување кон учениците, велат од Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ.

Колку и да се „жешки“ проблемите, работа на возрасните а особено на оние кои се во образование е да наоѓаат конструктивни и ненасилни начини за нивно решавање а кон соговорниците да постапуваат со почит.

Ваквата демонстрација и воедно злоупотреба на моќ е неприфатлива и не смее да помине. На овој начин на младите и децата им соопштуваме дека не ги слушаме, дека заканување е прифатлива комуникација, дека треба да бидат беспоговорно послушни и покорни кон возрасните и ред други нешта кои не придонесуваат кон градење автономни личности. Како што и од самото ваше однесување тие учат како треба или не треба да се однесуваат.

Потсетуваме дека Република Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни документи со кои на децата им се гарантираат и правата кои спаѓаат во групата на граѓански политички права. важноста на детско/младинското учество особено во процесите на одлучување за прашања кои се важни за нив. Конвенцијата за правата на детето (КПД) му го признава правото на детето односно малолетните лица на учество/партиципација, што значи тие да бидат слушнати и консултирани за работи и одлуки кои се од нивен интерес! Учеството/партиципацијата е еден од четирите основни принципи на КПД, покрај правото на опстанок и развој, недискриминацијата и најдобриот интерес на детето. Правото на партиципација експлицитно е потенцирано во членовите 15 (слобода на здружување и мирно собирање) и член 12 од КПД како слобода на изразување на сопственото мислење и право истото да се земе предвид во сите постапки кои се однесуваат на детето и кои се од негов интерес.

Овие членови од КПД поаѓаат од фактот дека:

– детето е способно да го изрази своето мислење во согласност со својата возраст и развојни можности

– детето треба да го изрази своето мислење за нешта кои непосредно се однесуваат на него. Ова бара од возрасните многу пошироко да размислуваат за работите кои се во непосреден интерес на децата односно да прифатат дека децата треба да го кажат своето мислење и за многу посерозни нешта отколку вообичаено се мисли (како што сега со овие протести е случај!)

– на детето треба да му се даде можност своето мислење да го изрази слободно. Возрасните имаат обврска да им овозможат на децата слободно да ги изразуваат своите мислења така што ќе креираат сигурна и поттикнувачка средина за такво нешто.

– На детското мислење му се посветува внимание и детското мислење се уважува. Ова не значи дека нужно му се излегува во пресрет на секое барање од децата, но значи дека детското мислење се зема предвид како релевантно при донесување на одлуки кои се однесуваат непосредно на нив.

Партиципативните права се особено потенцирани и во следните членови:
– член 17 како право на информирање
– член 15 како слобода на здружување и слобода на мирно собирање
– член 13 како слобода на изразување
– член 16 како право на приватност
– член 29 како образование ко е ќе ги промовира вредностите на човековите права и демократијата.
– член 14 како право на слобода на мислење и веросиповест…

Со оглед на претходно наведеното, учeствата на средношколците на маршевите не се ништо друго освен користење на нивното право слободно да го изразат нивното мислење и став. Сега од суштинско значење за училиштата и МОН е да обезбедат конструктивен и мирен дијалог со учениците/ките и да разгледа што тие имаат да кажат, не само за да се избегне можното насилство на улиците, туку да се постави и знак на демократијата во Македонија.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз