Меѓаши до Владата: Пуштете ги децата бегалци, им треба помош

Од:

Меѓаши апелира до Владата веднаш да ги пушти сите деца кои се запрени на граничниот појас со оглед дека Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето.

-Во врска со новонастаната состојба на грчко македонската граница, на граничниот премин Евзони – Богородица каде илјадници бегалци чекаат влез во Македонија, алармираме дека има стотици деца чиј живот е директно загрозен и под постојана опасност од непредвидливи опасности кои ги демнат во граничниот појас. Децата се во трауматична состојба и им треба итна помош.

Поради тоа упатуваме АПЕЛ до Владата на Република Македонија да обезбеди прифат на сите деца бегалци! Повторно потсетуваме дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата за правата на детето и со тоа таа е обврзана да обезбеди секаков вид заштита на децата, велат од Меѓаши.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он