Меџити: Се прават подготовки за седницата на која ќе се изберат собраниските комисии

Од:

Се прават подготовки за новата седница на која ќе се изберат собраниските комисии. Не гледам никаков проблем и мислам дека тоа ќе се реши деновиве, изјави денеска пратеникот Изет Меџити од ДУИ.

Одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на наградите „8 Септември“, Меџити рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две.

– По дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија. ДУИ ќе раководи и со комисијата за здравство, а дилемата е дали ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование, посочи Меџити.

За пратеникот Исмаил Јахоски, кој на сајтот на Собранието, е ставен во групата на независни пратеници, Меџити рече дека станува збор за техничка грешка која се надева дека ќе биде поправена.

– Тој беше неколку мандати градоначалник на ДУИ во Пласница. Сега е пратеник во нашата парламентарна група и секојдневно сме во комуникација за сите активности, рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on