Меџити: Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно

Од:

Изет Меџити и неговиот тим вечерва во општина Чаир ја прославија заслужената победа на локалните избори. Во атмосфера исполнета со емоции и ентузијазам, Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

-Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активистите, на луѓето кои беа присутни во секој дел од Чаир, кои ја претворија нашата енергија и визија во вистинска граѓанска победа, изјави Меџити.

Тој додаде дека секој час работа, секој чекор и секој напор на неговиот тим имале смисла, затоа што оваа победа е изградена врз чисти вредности, со доверба и љубов кон Чаир.

-Од срце ви благодарам за истрајноста, посветеноста и довербата што ми ја укажавте. Денес повеќе од кога било чувствувам дека Чаир има тим кој не се предава, кој работи и победува заедно. Горд сум на вас, горд сум на нашиот Чаир, напиша понатаму Меџити.

Победата во Чаир се смета за јасна порака од граѓаните за континуитет, работа и доверба во визијата на Изет Меџити за развиен и обединет Чаир.

Би можело да ве интересира

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски

Меџити прогласи победа во Чаир, ДУИ заминаа по дома

Вреди: Локалните избори во земјата се одвиваа во мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Меџити: Имав многу посебна средба со младите кои за првпат ќе гласаат на овие избори

Вреди: Албанците му го свртија грбот на „лажниот референдум“ што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски