Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој

Од:

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, денес го посети Основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена, стои во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Денес одблизу ги видов подготовките за почетокот на новата учебна година во Основното училиште „Васил Главинов„ во Чаир, со што ја заокруживме кампањата за генерално чистење на сите основни училишта во Општина Чаир. Со ова, училиштата се целосно подготвени да ги пречекаат учениците на 1 септември“, изјави Меџити.

Меџити нагласи дека една од најпозитивните карактеристики на ова училиште е тоа што тука учат ученици од сите етнички заедници кои живеат во Чаир, добар пример за соживот и меѓуетничка хармонија.

„Наша обврска е на учениците, кои за среќа се многубројни во Општина Чаир, каде што само бројот на првоодделенци е околу 1.000 деца, да им овозможиме што подобри услови за учење и развој“, додаде Меџити.

За време на оваа посета, Меџити исто така најави дека наскоро ќе го промовира концептот за настава во една смена, почнувајќи од Основното училиште „Конгреси и Манастирит“, од 1 септември.

Првиот вицепремиер Меџити им се заблагодари на раководителите на основните училишта и наставниот кадар за нивната максимална посветеност, за 1 септември да не затекне подготвени да ги пречекаме првоодделенците со достоинство и почит.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори