Меџити и Чибишев нови директори на Неврологија и на Токсикологија

Од:

Поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и проф. д-р Андон Чибишев се нови директори на Клиниките за Неврологија и за Токсикологија, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Таравари потврди дека се разрешени девет економски директори мегу кои и Бесија Иљази од клиниката за Токсикологија.
Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа денеска Таравари во изјава за медиумите.

Би можело да ве интересира

Бесија Иљази храбро се соочи со антиалбанскиот менталитет – Аријанит Хоџа по разрешувањето на директорката на Токсикологија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ бара повлекување на наредбата од организациската директорка на Токсикологија

Колегите од Токсикологија во одбрана на Беќаровски: Никогаш не упатил навреди кон колегите Албанци

Орце Костов

Беќаровски обвинет дека ги навредувал Албанците, најави кривична за министерот Демири

Орце Костов

Министерот Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски

На Токсикологија поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ, штетата дополнително ќе се утврдува