Синоќешната реторика и нервоза на лидерот на ДУИ Али Ахмети, лидерот на Демократското движење и кандидат за градоначалник на Чаир од Коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити ја гледа во, како што вели „поврзаноста и лобисти на „српскиот свет“ не е никој друг, туку неговиот син и неговото семејство“, и оти „ги плаши одговорот од народот на 19 октомври“.
-Повторно 107 илјади гласачи Албанци, кои не гласале за Ахмети, се обвинувата и опишуваат со грди зборови, но тие ќе знаат да одговорат на 19 октомври. Ова кажува за нервозата меѓу редовите на Ахмети, семејството на Ахмети и неговите членови. Ги плаши одговорот од народот. Не е првпат Ахемти, ги пцуеше и во минатото, ги обвини тешеко и тетовчани. Ова не му е прв ваков излив, но тоа кажува за нервозата во нивните редови, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција за претставување на својата кампања како кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните локални избори.
Според Меџити, Ахмети вчера зборувал за се и сешто, но ништо за една теза што цела година ја крева на највисоко ниво, за „српскиот свет“.
-Тука ја гледам и нервозата на Ахмети, бидејќи на крај испадна дека поврзаноста и лобисти на српскиот свет не е никој друг, туку неговиот син и неговото семејство. Тоа што сакам да потенцирам е дека, веќе не работи за случајност, туку за стратегија. Од 80 општини во Македонија Дака Давивдовиќ ја избра Тетово, каде што раководеше ДУИ. Казината кои петекнуваат од „српскиот свет“ дојдоа преку Артан Груби, брзите кредити од Радојќиќ, којшто беше избркан од Косово, го вдоми министерот за финансии од ДУИ и сега Алта банка, преку никој друг, туку преку семејството и преку ДУИ доаѓа во Македонија, со нивна согласност и помош, каде што и тие самите се акционери. Од ова е јасно зошто сега Бујар Османи како МНР имаше просрпски ставови за Митровица во Косово, зошто 11 пати отиде во Белград и ниту еднаш во Приштина. И тоа јасно покажува зошто Ахмети беше нервозен вчера, изјави Меџити.