А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Медиумите кои сакаат реклами за изборите, да се регистрираат и да достават ценовник до ДИК

by А1он18/02/2020 - 10:23713
Share0

Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. До утре на полноќ радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието се должни да се регистрираат во ДИК.

Добивај вести на вибер

Тие треба да достават барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет порталите до ДИК, а кон барањето задолжително се приложува тековна состојба издадена од Централниот регистар.

Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК ќе изготви Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на предвремените избори за пратеници. Регистарот по прифаќање на барањата на седница ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата.

Медиумите се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање за изборите. Ценовниците се доставуваат до ДИК најдоцна на 21 февруари на полноќ.

На првата седница на ДИК во неделата по распишување на изборите, претседателот на Комисијата Оливер Спасовски ги соопшти највисоките и најниските цени за политичко рекламирање за медиумите.

За секунда за телевизија највисока цена за платено политичко рекламирање е 112 денари (евро и 83), а најниска е 12, 30 денари (0,2 евра), за секунда за радио 40, 50 денари (0,66 евра), а најниска 2 денари (0,03 евра). Во весниците, 24.907 денари за една внатрешна црно бела страница или 32.628 (530, 53 евра) една внатрешна во боја, а најниската е 19.372 (315 евра) за една внатрешна црно бела страница или 25.953 денари (422 евра) за една внатрешна страница во боја.

Сумата која може да се исплати на еден електронски медиум (интернет портал) и печатени медиуми од еден учесник во изборниот процес, не може да биде поголема од 15.000 евра во денарска противвредност.

Медиумите се должни ценовниците за платено политичко рекламирање да ги порименуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичпко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси. Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес.

Од парите што ги има ДИК за платено политичко рекламирање за учениците на изборите 45 отсто отпаѓаат за партиите од коалициите на власт, 45 отсто во опозиција и 10 отсто за останати вонпарламентарни партии и групи избирачи.

Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК и нема да бидат во Регистарот и кои нема да достават ценовници во предвидениот законски рок, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање за изборите 2020 обезбедени од Буџетот.

Според известувањето од ДИК, учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од медиумите кои не се регистрирани во Регистарот и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања.

dikizbori 2020

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:5611/01/2026 - 21:56

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

Горан Наумовски11/01/2026 - 19:41

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Горан Наумовски11/01/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен