Медитерански палми ќе се садат во Охрид

Од:

По должината на шеталиштето на градскиот кеј, но и пред Центарот за обука на вода, денеска вработени во ЈП „Охридски комуналец“, заедно со екипа вработени од „Македонски шуми“, почнаа со засадувањето на вкупно 200 влакнести палми, високи од три до четири метри.

Со ова продолжила реализацијата на проектот на ЈП „Македонски шуми“ за градење на имиџот на Охрид, како град на палмите.

Со сила ќе го прават Охрид медитерански град, со овие палми и со плажите што ги најавија, главно, коментираат охриѓани.

Реализацијата на проектот за садење палми почна во ноември 2013 година.

Покрај во Охрид, палми ќе се садат и во Струга, Преспа, Дојран и во Гевгелија, односно вкупно 1.100 четириметарски влакнести палми.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид