Медијаторство – брз, ефикасен и поевтин начин за решавање спорови

Од:

Медијацијата е алтернативно решавање на спорови на цивилизиран начин, преку размена и соочување на аргументите на спротивставените страни и изнаоѓање решение со кое сите се задоволни. Брзо, ефикасно и поевтино решавање спорови, но и поголема доверба и можност за понатамошна соработка во деловниот свет, се дел од придобивките од медијацијата. Клучен аспект за бизнисот е што со медијацијата по принципот на вин-вин ситуација во која и двете страни го имаат чувството на добивка, се отстранува желбата на поразената страна по пресудата да бара некакво продолжување на постапка.

Ова се дел од заклучоците од денешната првата европска конференција за медијација „Медијацијата и бизнисот – со развој на медијацијата расте бизнисот“, во организација на Комората на медијатори на Република Северна Македонија.

Една од стратешките цели на Владата е поддршка на процесот на медијација, подвлече министерката за правда Рената Дескоска, во решавање особено на спорови меѓу деловните субјекти, како и спорови кои произлегуваат од работните односи. Таа најави дека е изработен целосно нов закон за медијација, кој по завршување на изборите ќе биде пуштен во собраниска процедура.

– Не беше доволно промовирана и странките не ги знаеја бенефитите од медијацијата. Предноста во овој процес е што страните сами се договараат и склучуваат спогодба да го решат спорот. Непознавањето на бенефитите, неафирмираноста на медијацијата беше една од причините што таа не беше доволно користена, изјави министерката Дескоска.

Според министерот без ресор Зоран Шапуриќ, медијацијата може да биде многу корисен во економска смисла. Пред да започне медијацијата, нагласи тој, потребни се два предуслови, а тоа се доверба која мора да се стекне меѓу странките, но и доверба од домашните и странските компании, а вториот е подготовка за компромис.

Врз основа на искуствата од првото донесување на законот од 2006 година, изјави Славе Младеновски, претседател на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, резултатите до 2016 година биле поразителни.

– Комората сериозно се зафати со развојот на медијацијата бидејќи тоа е пред се во интерес на бизнисот, подобрување на соработката, градење на пријателства и намалување на конфликтите во општеството, изјави Младеновски, претседател на Комората формирана во јули 2017 година.

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори, смета дека медијацијата во овој момент е недоволно застапена во нашата држава. Изрази надеж дека во наредните две години со планирање и преземање добро испланирани чекори, како што истакна, ќе успееме до деловната заедница да пренесеме зошто медијацијата е алатка што треба да се користи.

– Во моментот се соочуваме со недоволна запознатост на приватниците, на деловната заедница, што всушност претставува медијацијата. Не само што трошоците се помали од судското докажување, сметам дека најголемата вредност е што стрните да излезат од спорот повторно како соработници, како што биле пред моментот на настанува на спор, рече Арсовска на конференцијата.

Лиценцираните медијатори заклучно со 10 – ти април оваа година, прикажале влез на 1.364 предмети во регистарот на Министерството за правда. Од нив, 79 проценти односно 1.079 завршиле со спогодба. Пред се тоа се работните спорови, кои 100 процентно завршуваат со постигнати спогодби меѓу работниците и работодавачот. Имало стопанските спорови со 395 медијации, од кои 129 или 32,6 проценти завршиле со постигнати спогодби.

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, информирајќи дека медијацијата во неговата земја се користи повеќе од 65 години, истакна дека процесот е прагматичен пристап во градењето врски и разрешување разлики. Посочи дека медијацијата се смета за договор меѓу двете странки, наместо одлука која се наметнува и мора да се спроведе.

– Затоа се смета дека медијацијата е покорисна за долгорочни деловни односи, рече меѓу другото амбасадорот Пломп.

На конференцијата беше потпишан меморандум за соработка и разбирање од страна на експерти за медијација од нашата земја, Романија, Грција, Босна и Херцеговина, Холандија, Швајцарија и претседателот на Здружението на медијатори на ЈИЕ од Хрватска, Стипе Шола.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски