Медицинските сестри изморени од коронавирусот

Од:

Унијата на здруженијата на медицински сестри бара од граѓаните да ги почитуваат мерките против ширењето на Ковид-19.

„Херои сте кога ја добивате битката, но за жал ние сме соочени со наплив на пациенти. Кога не се почитуваат мерките тоа е како да сте се здружиле со непријателот. Издржавме многу и во други времиња на немири, епидемии, сообраќајни незгоди, и на крајот од се бевме поголеми и посреќни бидејќи успевавме да се справиме. И сега се справуваме но, лавината е се поголема, времето се пролонгира и неизвесноста трае.

Мораме пред професионалниот предизвик да издржиме и да се спротиставиме на стравот, да се поклониме на храброста и чувствителноста која не краси. Да бидеме во мислите со нашите колеги кои се заразија и да се чуваме максимално бидејќи зависиме еден од друг.

Затоа сите медицински сестри кои се префрлени, надополнети, преструктуирани од едно на друго одделение, во други институции, во ковид центрите… треба да бидат платени под тие услови, а не со лични доходи од матичното работно место кое е на друг начин со коефициент изразено. Ова е нешто на кое секојдневно треба да се води сметка бидејќи во овие исцрпувачки работни денови не треба вака да бидат дестимулирани медицинските сестри“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата предводена од здружението „За нас“.

Тие апелираат да се почитуваат дадените превентивни мерки, да се грижиме за себе, за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски