Медицински сестри од повеќе болници им помагаат на своите колеги на Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“

Од:

На Клиниката за инфективни болести се упатени триесеттина медицински сестри од повеќе болници во државата. Исто толкава бројка медицински сестри од повеќе болници ќе се распределат и во ГОБ „8 Септември“, напиша на својот ФБ профил државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев.

Во овие две јавни здравствени установи, посочува Милошев, приемот на заболени од Ковид-19 е најголем, со речиси целосно исполнети капацитети.

Во Министерството за здравство постојано ја следиме состојбата, преземајќи ги сите мерки за соодветен третман на заболените. Благодарност до здравствените работници кои само за неколку часа по дадената насока, се подготвија и пристигнаа во Скопје, на помош на своите колеги, напиша Милошев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски