Медицинска сестра на 57-годишна возраст од Неготино е новиот позитивен случај на Ковид-19 во Тиквешко.
Медицинската сестра е со мали симптоми и е на домашно лекување.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци за МИА потврди и појасни дека се работело на утврдување на нејзините контакти и нивна изолација.