Медицинска помош за четворица пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот во близина на тетовско Фалише

Од:

Тетовските пожарникари и денеска ќе продолжат со гаснење на оган во магацините на фирмата Евроком што се наоѓа на пат кон селото Фалише. Пожарот е целосно изгаснат во продажниот објект на фирмата, но сè уште има оган и чад од неколку магацински простории.

Пожарникарите таму се присутни повеќе од 24 часа и ќе останат.

– Се гасеше цела ноќ и ќе продолжиме со работа и во текот на денот. Имаше голем оган, затоа што имаше многу запаливи материјали, бои и лакови, градежни материјали, бојлери. Интервенирано беше и со вода и со пена но не се изгаси целосно, треба да се работи уште, има оган и чад, изјави Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Поради вдишување на чад, медицинска помош во тетовската болница добиле четворица пожарникари.

– Интензивниот чад беше причина за проблеми со дишењето. Четворица бевме во болница на таканаречено чистење, добивме третман со кислород и инфузија, објасни Амети.

Тој информираше дека дошле припадници на Армијата кои мереле радијација и други параметри, но не откриле таков вид загадување на воздухот.

– Ги молам од Министерството за животна средина да го измерат мерат загадување на воздухот, да не поминуваат и да не доаѓаат тука новинарите и други лица без маски за заштита на лицата. Ова е втор случај да интервенираме во големи магацини со запаливи материјали, а да нема ниту еден хидрант, па затоа се поставува прашањето кој дава вакви дозволи. Едната беше фабрика за производство на пелети во Седларце. Гледаме дека немаат хидранти во објектите. Ова е чудна работа, имаат материјали од неколку милиони евра, а не се набавуваат хидранти, истакна Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Сопствениците на фирмата во разговор посочија дека тука немале производство на бои и лакови како што информираше Центарот за управување со кризи. Велат дека станува збор за продажен објект со магацини каде имале складирано железарија, санитарија, оков за мебел и слични производи, како и мал асортиман на бои и лакови.

Би можело да ве интересира

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра