Девојче од Нов Зеланд, кое го лоцираше Скотланд јард и чиј идентитет не се открива, многу наликува на малата Британка Меделин Мекејн, која исчезна во Португалија во 2007 година, јави Sky News.
Девојчето ја има речиси и идентичната шарка во десното око, како и Меделин.
Британските власти побараа итно да се направи ДНК-анализа за да се утврди нејзиниот идентитет.
Малата Меделин исчезна додека нејзините родители биле на вечера за време на летувањето со родителите во Португалија. Полицијата првично го обвини нејзиното семејство дека ја киднапирало.
Фото: Teri Blythe, Metropolitan Police