Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие сте партии на олигархијата како и СДС

Од:

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада:

„Имам еден идеолошки коментар и коментар за вашето произволно толкување на социјалната констелација во нашето општество затоа што спомнавте криминална каста, па таа криминална каста соработувала со корумпирана каста! Сите тие опишувања на нашето општество не одговараат на реалноста, затоа што во нашето општество, кастите и класите кои постојат, се оние на обичните луѓе, на работниците и на великопоседниците т.е. на крупниот капитал.

Политичките партии во Македонија се претставници на крупниот капитал! Значи вас тоа ве обединува. Претходно имавте преклопување, дури и лидерите на партиите ви доаѓаа од истиот сектор – од енергетскиот сектор, или тоа што народот го вика енергетска мафија. Сега имате малку расчекор со новиот лидер на СДСМ, но и со него имате обединување, затоа што за него се спомнаа информации дека тргнал во авантура за приватизирање на болници.

Во ребалансот на буџетот се предвидува трикратно намалување на буџетските средства за изградба на новите капацитети во здравството! Значи, се што ќе се случи, е дека за обичните луѓе, репресијата иселувањето и се тоа што навистина го боли обичниот граѓанин ќе продолжи да постои.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски