МЦМС и ИДСЦС: А1он се уште е водечки според тоа колку известува за локалните избори

Од:

Неделниот пресек на известувањето на медиумите на теми поврзани со Локалните избори 2013 е дел од проектот Мојот избор на МЦМС и ИДСЦС.

Агрегирањето на информациите презентирани во него се прави во соработка со порталот Daily.mk. Презентираните податоци се собрани од 62 медиуми кои имаат свои он-лине изданија.

Објавите се следат и анализираат на дневно ниво, со графички прикази за секој ден од кампањата и кумулативно. Ова е третиот неделен пресек кој се однесува на периодот 18-24 март 2013.

Медиумите најчесто известувале за темите поврзани со локалните избори. Првите седум, оваа недела имаат помал дел од медиумскиот колач, 50% наспроти 54% претходната недела. А1Он се уште е водечка според тоа колку известува за локалните избори (11%), а на второ место и оваа недела е Плус инфо (9%), Сител телевизија е трет (7%). Во топ седумте, оваа недела нема нови медиуми.

nedela3_mediumi

Во објавите во кои се спомнуваат политичките партии има мали разлики во однос на претходната недела. За 2 процентни поени е намалено учеството на ВМРО-ДПМНЕ, а за 1 тоа на СДСМ. Следат ДУИ и ДПА со 9% односно 5%. И кај двете има зголемување за по 2 односно 1 процентен поен. Уште една разлика во однос на претходната недела е појавувањето на две нови политички партии на листата најспоменувани во медиумите и тоа ВМРО-НП и НСДП. На листата оваа недела ги нема НДП и НДП-ДПТМ. За останатите политички партии и оваа недела остануваат 7% од вестите, што е исто ниво во однос на претходната недела.

Во поглед на општините, процентот на известување за седумте најчесто спомнувани се намалил на 44% во однос на претходната недела кого беше 49%. Известувањето за Скопје е намалено за 2 процентни поени 12% (претходно 14%), а опаднал интересот и за Центар и за Карпош за 2, односно за 3 процентни поени. Трета најспоменувана општина оваа недела е Битола со 6% (2 повеќе од претходната недела), а четврта е Охрид со 5%. Охрид воопшто не се појавуваше во седумте општини за кои најчесто се известувало. Ист е интересот за Струмица (4%), а се намалил тој за Кичево на 3% од 4% колку што имаше претходната недела. Куманово воопшто не е меѓу седумте најинтересни за медиумите.

На најспоменуваните седум кандидати за градоначалници отпаѓаат 32% од објавите за разлика од минатата недела кога тие ’окупирале’ 36% од објавите. Имајќи предвид дека во првата недела тој процент изнесуваше 45%, ова укажува на тренд во прилог на информирањето за поголем број од кандидатите за градоначалници. Првите двајца кандидати си ги смениле местата. Најмногу интерес оваа недела имало за Коце Трајановски 6%, а за Андреј Петров, 5%, исто колку и за Јани Макрадули. Додека интересот за Петров опаднал за 3 процентни поени, кај Макрадули се зголемила за 1 процентен поен. Исто се застапени и Александар Петрески , Владимир Тодоровиќ, Зоран Заев, Јагнула Куновска, сите по 4%. На листата седум најинтересни за медиумите оваа недела го нема Стевчо Јакимовски, на негово место се појавува Александар Петрески. Додека кај Куновска има намалување за 1 процентен поен, кај Тодоровиќ и кај Заев нивото е исто како претходната недела

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори