МЦМС и ИДСЦС: А1он најактивен во објави за локалните изори

Од:

Порталот А1он е најактивен од сите медиуми во следењето и известувањето на кампањите за локалните избори, ова го покажува проектот „Мојот избор“ на МЦМС и ИДСЦС.

„Со 10% застапеност во објавите, најактивен е порталот А1ОН, следен од Сител (8%) и Плус инфо и Курир со по 7%. И тука (како кај оштините) се отсликува шареноликоста на медиумскиот простор со тоа што повеќе од половината од објавите се во медиуми надвор од водечките 7, стои во анализата“.

Во објавите каде што се споменуваат партиите, во првата недела од кампањата доминираат ВМРО-ДПМНЕ (46%) и СДСМ (33%), како најголеми парламентарни партии, но можеби и се уште под влијание на политичката криза која се разреши непосредно пред почетокот на кампањата (04.03) а во која тие две партии беа главни актери. Следат двете најголеми партии од блокот на етничките Албанци – ДУИ (8%) и ДПА (5%). Сите други партии се споменуваат во помалку од 2% од артиклите објавени по било која основа на интернет.

nedela1_partii

Со оглед на тоа што се работи за локални избори, кандидатите за градоначалници се во голема мера застапени во вестите. И покрај доцната одлука за учество на изборите, неколку од кандидатите на СДСМ се меѓу најзастапените во објавите: Андреј Петров (10%), Зоран Заев, Јани Макрадули и Александар Петрески (по 5% сите). Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и Јагнула Куновска се во првата тројка според објавите со 9, односно 6%. Листата на најчесто споменувани кандидати ја заокружува Стевчо Јакимовски (6%), а фактот што три од четирите најзастапени кандидати во вестите се кандидирани во општина Карпош, укажува дека исходот во таа општина се следи со најголем интерес.

nedela1_kandidati

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618