Факултетот за менаџмент од Мастрихт и Универзитетот Американ Колеџ Скопје денеска во Скопје ќе потпишат договор за соработка и за почнување на првата МБА програма во Македонија. На потпишувањето ќе присуствува и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
МБА програмата е акредитирана до различни тела – АЦБСП, АМБА и ИАЦБЕ и ќе им овозможи на студентите од Македонија и од регионот да се стекнат со диплома на Универзитет рангиран на 76 место во светот според Шангајската листа.
Предвидено е програмата да почне со работа во март идната година, а уписите ќе стартуваат од јануари. Повеќе од професорите ќе бидат од Факултетот за менаџмент од Мастрихт, а девет од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.