Маж, жена и нивниот син истепале полицајци

Од:

Маж, жена и нивниот син завчера истепале полициски службеници од полициското одделение Ранковце и полициската станица Крива Паланка, кои сакале да им го одземат тракторот, поради немање соодветна документација.

Како што соопшти МВР завчера околу 10:25 часот Д.Т. (54) од Одрено, општина Ранковце, заедно со неговата сопруга З.Т. (40) и малолетните синови, физички нападнале полициски службеници од Полициското одделение Ранковце и Полициска станица Крива Паланка.

Полицајците требало да извршат интервенција – одземање трактор натоварен со дрва без соодветни документи, сопственост на Д.Т.. Тој со тракторот превезувал околу три кубни метри багремови дрва.

При интервенција на полициските службеници, Д.Т. со метална шипка удрил еден полициски службеник, неговата сопруга каснала друг полициски службеник, а едниот малолетник со рака удрил полициски службеник во пределот на телото.

Напаѓачите биле приведени и задржани во полициската станица Крива Паланка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец