Маж загина во пожарот во запалена куќа во Велес

Од:

Маж загина во пожарот во запалена куќа на улицата „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес. И покрај интервенцијата на Територијалната противпожарна единица која по дојавата за пожарот во куќата излегла веднаш на лице место со две противпожарни возила и пет пожарникари спасители, не успеала да го спаси сопственикот на куќата.

Како што информираат од ТППР Велес, по пристигнување на лице лице место, пожарот бил затекнат во развиена фаза во една просторија каде што било пронајдено и безживотното тело на сопственикот на опожарената куќа.

Во 19.40 часот бил повикана лекарска екипа од Брза помош, која констатирала смрт кај лицето.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје