Маж пронајден починат на нива до трактор во Дреново, Кавадаречко

Од:

На нива во село Дреново, Кавадаречко, до трактор „ИМТ 539“, вчера бил пронајден починат И.Ј.(71) од селото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека случајот вчера околу 17.00 часот бил пријавен во Полициска станица Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари