Маж од Могила со прострелна рана однесен во болница

Од:

Вчеравечер маж на 61-годишна возраст од село Могила му се јавил на негов пријател од истото село и  побарал од него бидејќи се повредил да дојде во неговиот дом и да го однесе на лекар во Битола. Откако го однел, лекарите увиделе дека 61-годишниот маж имал прострелна рана.

„Во Клиничката болница  Битола на лицето С.Н  од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди-  прострелна рана. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, но нема информација како пациентот се здобил со прострелната рана.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка