ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 48-годишниот Ј.Б. од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, извести МВР.
– На 01.02.2022, пријавениот креирал лажен профил со женско име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук и на малолетничка ѝ испраќал фотографии со експлицитна содржина, соопшти МВР.