Маж од Гостивар со измама од познаник зел 5.000 евра

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.А.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и „фалсификување на исправа“.

Во текот на 2024 година, пријавениот довел и држел во заблуда едно лице од село Чегране, на тој начин што со лажно прикажување и прикривање на факти го убедил дека ќе му посредува во издавање на оригинални документи, патна исправа и лична карта од странска земја, за што лицето му дало 5.000 евра, а пријавениот преправил вистински исправи и му ги приложил на оштетениот како оригинал.

На 14.11.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени возачка дозвола и лична карта од Италија и дозвола за престој од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски