Маж од Гевгелија крадел во Стар Дојран

Од:

Полицијата извести дека вчера во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го уапсиле Т.А.(40) од Гевгелија.

Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари. Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница