Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Од:

Полициски службеници синоќа во Дебар привеле 24-годишен дебарчанец поради семејно насилство.

– Синоќа во 20 часот полициски службеници од дебарското одделението за внатрешни работи го уапсија В.К.(24) од Дебар поради сомнение дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од Дебар, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, по насоки од јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Насилникот и нападнатите се во роднинска врска. Тој агресивно се однесувал кон неговата мајка И.К. и неговата малолетна сестра.

Ова е прв регистриран случај на семејно насилство годинава. Минатата година регистрирани се десеттина случаи на семејно насилство, каде главно е физички напад од страна на сопруг кон сопруга.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Му се закани дека ќе му го убие целото семејство, па му одгриза дел од прстот

А1он

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ