Матурантите на прослава да одат без своите возила

Од:

Во изминатите две години не се регистрирани сообраќајни несреќи со тешки последици за време на матурските прослави, но сепак матурантите ги управуваат своите возила за време на прославата и биле предизвикувачи и учесници во сообраќајни незгоди.

Учеството на матурантите во сообраќајот беше тема на денешната прес-конференција во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи.

– Искуството ни укажува дека многу често матурантите управуваат со моторни возила за време на одвивање на матурските вечери и притоа често беа предизвикувачи и учесници во сообраќајни незгоди, многу често и со трагични последици. Затоа традиционално ја правиме акцијата „Не си фраер ако загинеш на матура“ со која што сакаме на матурантите да им пренесеме дека е многу лесно, за жал, семејната веселба да се претвори до вистинска трагедија, рече портпаролот на РСБСП Тоше Јанев.

Одделението за полициски станици од општа надлежност и превенција во СВР Скопје во континуитет го реализира проектот „Безбедни матурски прослави“.

-Сите овие години на реализација на проектот, со задоволство можеме да кажеме дека сме ги постигнале очекуваните резултати, тоа значи дека од година во година се помал е бројот на инциденти помеѓу младите за време на матурските прослави, истакна Цена Чаловска, началник на одделението за полициски станици од општа надлежност и превенција во СВР Скопје.

Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Кривичниот законик и Законот за безбедност во патниот сообраќај покрај паричните казни предвидени се и затворски казни за кривичното дело насилство.

Боби Ѓорѓиовски, инспектор за превенција во патниот сообраќај во СВР Скопје, изјави дека доколку матурантите заминат со возило на прослава, во секој случај го прекршуваат законот бидејќи спаѓаат во категоријата на млади возачи кои по 23 часот не смеат да управуваат со моторно возило без придружба.

-За возач почетник кој ќе направи прекршок ако управува возило без повозрасно лице, глобата е 400 евра и предвидена е мерка исклучување од сообраќај на лице место. Истата мерка е предвидена и за управување на возило под влијание на алкохол и забрана за управување на возило во траење од три до 12 месеци, рече инспекторот Ѓорѓиовски.

Акцијата за одбележување на Светската недела на Обединетите нации за безбедност на пешаците во сообраќајот, информираат од РСБСП, се спроведе успешно, но за жал само во текот на таа недела има тројца загинати пешаци.

РСБСП денеска ги најави и традиционалните државни натпревари „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“ кои по 48 пат оваа година ќе се одржат во недела на 19 мај во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет