Матурантите денеска полагаа математика

Од:

Во сите средни училишта во Македонија денеска беше спроведен екстерниот испит по математика како дел од државната матура за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование со четиригодишно траење. За испитот беа пријавени 2.335 кандидати.

– Испитот во целата држава течеше согласно сите пропишани правила и процедури без никакви проблеми. При спроведувањето на тестирањето беа вклучени членовите на училишните матурски комисии, како и околу 270 обучени тестатори-наставници од основните и средните училишта.
Испитот го следеа над 50 овластени набљудувачи, вработени во Државниот испитен центар, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука, се вели во соопштението од Државниот испитен центар.

Би можело да ве интересира

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

A1on

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска