Матурант загина, четворица повредени во сообраќајка на влезот во Тетово

Од:

Деветнаесет годишниот Е.Ц. од Теарце го загуби животот, неговата сопатничка Б.И., исто така 19-годишна од Порој, е потешко повредена, а уште тројца други се здобиле со повреди  во сообраќајката што се случила утрово околу 6.30 минути на клучката по патарината Гостивар-Тетово на влезот во Тетово.

Тешко повредената е пренесена на Клиничкиот центар во Скопје, останатите тројца повредени се пуштени на домашно лекување.

Полицијата врши увид на местото на несреќата. Најверојатно автомобил изгубил контрола и се превртел, а според првичните сознанија, загинатиот и повредените се враќале од матурска прослава.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он