Матичните лекари стигнаа на ред за вакцинација иако нивната група е шеста по приоритет

Од:

Сите здравствени работници кои покажале интерес за вакцинирање во првите пет приоритетни групи веќе ја добиле вакцината. За вакцинирање веќе се повикуваат матичните лекари, кои во Националниот план за имунизација се шеста по ред приоритетна група во првата фаза од вакцинирањето во која е предвидено вакцинирање на здравствени работници во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција.

Заклучно со вчера, вакцина добиле 2680 здравствени работници иако бројот на вработени во здравствените установи кои досега поминале на редот за вакцинирање е неспоредливо поголем.

„Вакцинирани се здравствените работници кои изразиле желба за вакцинација, односно здравствени работници од Ковид-центрите од јавните и приватни здравствени установи, ковид-лабараториите приватни и државни, епидемиолошката служба и ковид – лабораториите на ЦЈЗ и епидемиолози и здравствени работници во лабораториите на Институтот за јавно здравје. Здравствените работници од Итна помош, од Универзитетките Клиники, од Специјализиранта болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември. Во тек е вакцинација на матичните лекари. Вакцинацијата во оваа фаза се одвива исклучително според Националниот план, бидејќи бројот на вакцини е ограничен“, велат од Министерството за здравство.

Од таму не одговорија на прашањето колкав е бројот на здравствени работници кои можеле да се пријават за вакцина ниту пак колку од здравствените работници одбиле вакцинација.

Министерот Венко Филипче, во неколку наврати досега рече дека е задоволен од интересот за вакцинирање кај здравствените работници, а алармираше дека треба да се стимулираат за вакцинирање лицата над 70 години кои ќе стигнат на ред откако ќе бидат вакцинирани матичните лекари и здравствените работници вклучени во спроведување на вакцинацијата.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата