Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство

Од:

Дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон повеќе корисници во државава се регистрирани од изутринава. За повиците граѓаните споделуваат на социјалните мрежи, изразуваат загриженост и меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците.

Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), регулаторното тело во телекомуникациската област, најавија дека наскоро ќе објават соопштение со насоки до граѓаните, а став за состојбата најавија и телекомуникациските ператори.

Апел за превенирање на ваквите активности преку Фејсбук објави поранешната пратеничка Фросина Ременски, истакнувајќи дека е потребен одговор од надлежните институции за да нема шпекулации.

– За да се избегнат какви било штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, објави Ременски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г

А1он

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Ана Ололовска

Преку мобилен, интернет користат 1 398 860 претплатници

Ана Ололовска