Масовна тепачка во Гостивар

Од:

Во тепачка која настанала на улицата „Балиндолска“ во Гостивар, полицијата привела шест лица. Четири се повикани на разговор, а во меѓувреме се бараат уште неколкумина учесници. 

Од СВР Тетово проверуваат дали меѓу учесниците имало и полициски службеници.

Според информациите со кои располага полицијата е дека настанот бил пријавен во 14 часот, по што на местото биле затекнати десетина лица, а биле најдени и бејзбол палки.

Едно лице во меѓувреме побарало медицинска помош поради болки во главата, а останатите немале потешки повреди.

Повод за тепачката се повеќегодишни недоразбирања на две семејства, кои кулминирале со меѓусебна нетрпеливост.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип