Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

Од:

МВР информира дека вчера попладне во 18:45 часот во СВР Тетово, В.П. од Гостивар пријавил дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златара во близина на малиот пазар во Гостивар, по што со патничко моторно возило „бмв” без регистарски таблички побегнале.

– Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Тетово.

Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот.

Неофицијално, џипот што бил користен при грабежот е пронајден запален на патот кон планинскиот премин Стража, на свртувањето кон Маврово.

Според информациите, возилото било целосно зафатено од пламен, а истражителите се сомневаат дека разбојниците го запалиле намерно за да ги сокријат трагите и доказите од грабежот.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Вирална снимка од Лондон: Крадци ограбија златарница сред бел ден

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар