Машки леш и превртен автомобил најдени во бездна на патот Гостивар – Кичево

Од:

Безживотно тело на маж и автомобил „шкода октавија“ изутринава биле најдени во длабока бездна покрај магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Случајот, околу 10 часот, во полиција го пријавиле вработени во гостиварската секција на „Македонија пат“. Според пријавата, тие од десната страна на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај сепарациите, во длабока и тешко достапна бездна, обрасната со дрвја, забележале автомобил „шкода октавија“, покрај кој лежело безживотно тело на маж, чиј идентитет е сè уште непознат, пренесе Мета.

Јавен обвинител, увидна екипа на полицијата и лице од судска медецина сè уште се на местото и вршат увид.

Според неофицијални информации, покрај возилото била најдена патна исправа на лице од Скопје.

Телото, на кое, според неофицијални информации, недостигал дел, по наредба на јавен обивнител ќе биде дадено за обдукција, и се преземаат мерки за утврдување на времето, околностите и на причините за излетувањето на возилото и за утврдување на идентитетот и на причините за смртта мажот.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена