Машиновозачите повеќе не протестираат

Од:

Машиновозачите во „МЖ Транпорт“ денеска на пладне го прекинаа протестот кој го почнаа пред шест дена.

Претседателот на Синдикатот Ристо Пејовски информира дека протестот е прекинат бидејќи во целост се исполнети нивните барања, односно отповикано е неговото суспендирање, вметнати се сите нивни предлози и барања во колективниот договор да нема казнени мерки кон учесниците во протестот, да се врати синдикалната канцеларија и еднаш месечно да имаат средба со раководната структура.

– Нашите барања се во целост исполнети, Со оваа состојба победници сме сите. Генерално колективот АД „Транспорт“ е победник. Дојдовме во ситуација каде што можеме да комуницираме и така да ги решававаме сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат вработените во АД „Транспорт“. Отказот е повлечен, рече Пејовски.

Тој ја искористи приликата јавно да се извини за навредите што беа упатени до генералниот директор.

Би можело да ве интересира

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска