Мас: Се уште нема готов предлог за промена на методологијата на преговарање

Од:

Се уште нема готов предлог во однос на реформата на методологијата на преговори. За нас е значајно што со предлозите со кои се менува пристапниот процес не се менува нешто клучно, а тоа се однесува и на Северна Македонија и на Албанија. Дисусијата за тоа треба да ја водат сите 28 земји членки, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Мас појасни дека стартешко прашање за ЕУ е како ќе се развива понатаму тој процес на интеграција во ЕУ и дали сакаат да се продлабочи, а тоа ќе даде одговор и на прашањето какви ќе бидат приустапните процеси во иднина, нагласувајќи дека земјава и Албанија веќе се влезени длабоко во процесот и заслужуваат одлука за преговори.

– Она што било досега во постапките во однос на Северна Македонија дали ќе биде доволно и дали Северна Македонија би морала да подлежи на нови проверки, нашиот став не е дека тоа е правилно, туку би сакале да имаме една завршна одлука за пристапните преговори со Северна Македонија и сме подготвени за реформите за пристапниот процес како таков да зборуваме. Тоа ќе биде дискусија која нема да се води меѓу Франција и Германија, туку ќе ја водат сите земји членки на ЕУ. Но, не сакаме тоа да биде услов за отварање на пристапните преговори, туку веруваме дека постапката за Северна Македонија е толку напредна што сега веќе би можеле да донесеме конечна одлука за започнување на пристапни преговори, рече Мас запрашан дали реформираната методологија би била доволна за земјата да ги почне пристапните преговори.

Димитров пак наброја три силни аргументи поради кои земјата заслужи да го започне пристапниот процес и посочи на долгото чекање, на тоа дека 14 години сме со кандидатски статус, како и на решавањето на долгогодишниот спор за името.

– Самото чекање не е доволен аргумент. Ние сме земја која што помина низ една политичка криза што допре до авторитаризам во 2015 и 2016 година и во две и пол години направивме очигледен демократски пресврт. Се уште не сме спремни да влеземе во ЕУ, меѓутоа ако има европска енергија на слобода и на демократија денеска на Балканот, тоа сигурно е во Северна Македонија. Тоа го потврди и ЕК и други тела. Ако ЕУ сака да биде глобален играч не може, а да не препознае ваква еверопска енергија на Балканот која треба да се поддржи ако воопшто сакаме Балканот да стане европски. Во Германија гледаме близок пријател и влијателен глас во Унијата, што ќе ни помогне да дојдеме до точка каде ние ќе успееме, Балканот ќе успее и ЕУ ќе успее, рече Димитров, посочувајќи на германската поддршка на реформите особено и „ѕвездениот статус“ на Прибе.

Мас посочи дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се многу значајни дури и поважни и од други теми, додавајќи оти Германија ја поддржува реформата и најави проширување на оваа поддршка во однос на правната држава, особено на Академијата за судии и јавни обвинители, но и во области каде краткорочно може да се подобри тој реформски процес.

– Темата владеење на право, поради очекувањата на граѓаните е исклучително важна. Оваа тема е значајна и за целата ЕУ, токму во оваа област успешните реформи треба да продолжат и тоа ќе биде нашиот прв чекор во натамошното ангажирање во оваа област, потенцира шефот на германската дипломатија.

За тоа дали е поповолно земјата да оди во пакет со Албанија или да одат двете држави со различна брзина во евроинтеграцискиот процес, Димитров посочи дека ние имаме интерес и двете земји да одат напред, но исто така и да се почитува основниот принцип на оценка на секоја држава според заслугите.

– Две од две е најдоброто можно сценарио, меѓутоа, една од две е подобро сценарио од ниту една, бидејќи ниту една во нашиот случај практично е доведено во прашање и сериозноста на ЕУ кон нашиот регион и кредибилноста на ветувањето од Солун од 2003-та, рече Димитров.

Хајко Мас попладнево ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“. По средбата со Пендаровски, на заедничка иницијатива на германското МНР и претседателот на Република Северна Македонија, ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“. На дебатата, како што информираат од кабинетот на претседателот, покрај Пендаровски и Мас, ќе учествуваат и претставници на државните власти, на правосудните органи, како и претставници на надлежни институции во оваа област.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески