Мартин Пановски: На парцелата од 12.000 метри квадратни, дури 6.520 квадрати ќе бидат зеленило

Од:

Архитектот на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти Холидеј ин, Мартин Пановски, во вечерашното гостување на „Топ тема“ изјави дека во двете згради кои ќе се градат има станови колку во трите кули во градски ѕид и ништо повеќе. Тој вели дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.

„Неразбирливо е како е можно некој кој е архитект да исцрта и пласира во јавноста вакви скици и макети. Ова се 3Д прикази правени од наши колеги кои, за жал, или не знаат да читаат план или намерно излажале, за да направат паника во јавноста. По сите архитектонски параметри, на оваа макета имате 500.000 м2. За појаснување, на дадената локација се дозволени 200.000 м2, а ќе се користат 89.000 м2.“- рече Пановски.

Пановски во емисијата за прв пат презентираше фотографија од реалниот проект кој е различен од сите фотографии и графики кои се споделуваат на социјалните мрежи деновиве.

Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило. Пановски тврди дека на парацелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило.

Проектот предвидува 969 паркинг места на три нивоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.

Жалам што сите коментираат и зборуваат дека проектот не чини, а никој не го видел, заклучува Пановски.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски