Марш за семејството и детските колички

Од:

Коалицијата за живот денеска напладне организира мирен марш под мотото „Марш за семејството и детските колички“. Маршот треба да почне од пред споменикот на Мајка Тереза во 12 часот.

Целта на маршот, кој ќе заврши со забава на плоштадот, е да се подигне свеста за зголемување на наталитетот и заштитната функција на семејството како основна клетка на општеството во целина.

„Најважното во него се, секако децата, нашето богатство кое ветува убава иднина со многу насмевки и прогрес. Зборуваме за семејните и традиционалните вредности на нашиот народ и држава коишто дефакто се во криза, но никако не смееме да ги заборавиме и целосно да ги напуштиме“, велат од Коалицијата за живот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош