Марш и диско за толеранција

Од:

По повод Mеѓународниот ден на толеранцијата 16-ти ноември, утре по четврти пат се организира Маршот на толеранција.

Маршот ќе почне во 13 часот пред  Музејот на град Скопје и ќе заврши на плоштадот Македонија, каде што Младинскиот образовен форум ќе организира диско за толеранција „Играј и толерирај“ во 14 часот.

„Идејата на ова диско е да ја испратиме нашата порака и желба за надминување на дискриминацијата во нашето општество и промовирање почит кон различните/различното од нас. Диското опфаќа танцување на музика која се слуша на слушалки (се забавувате, а не ги вознемирувате соседите) и следење на инструкциите кои ве водат низ забавата“, велат од од Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан