Марковски: Скопје мора да дише слободно

Од:

„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата на овие локални избори на професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Овие настани имаат за цел да вклучат граѓани и стручни лица да зборуваат и разменуваат идеи на конкретна тема. На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како еден од најгорливите проблеми во Скопје.

Доц. Д-р Ирина Ангеловска, др. специјалист пулмолог повеќе се осврна на теоретскиот дел, причините за аерозагадување и последиците по општото здравје. Таа ја истакна и потребата од преземање на континуирани мерки од институциите, но и од секој поединец: носење маски, намалена употреба на штетни возила, да не се гори отпад, контрола на квалитетот на воздухот, доследно спроведување на законските решенија…

Професорот Марковски ги претстави дел од мерките за справување со овој проблем. Аерозагадувањето не може да се реши преку ноќ, но можеме да преземеме мерки и политики кои ќе ни помогнат во негово намалување.

– Скопје мора да стимулира алтернативен превоз, а не возење на автомобили. Планираме воведување и набавка на еко – автобуси и такси возила. Исто така, по одредени студии имаме околу 80.000 домаќинства кои се греат на горива кои загадуваат. Овие граѓани, домаќинства мора да ги поддржиме во промената на начинот на греење, но да не ги заборавиме и другите загадувачи: индустрија, возила и сл.

М-р др. Вера Јовановска Типко, специјалист психијатар се осврна на менталното здравје во еден хаотичен град. Таа истакна дека сообраќајниот хаос е еден од главните стресогени фактори и затоа е потребно дестимулирање на возењето автомобили на дневно ниво.

– Хаос, катастрофа, лудило, немир, недоверба, гнев, страв, нема спас се само дел од зборовите и фразите кои ги користат граѓаните на дневно ниво за да го опишат своето живеење во Скопје, посочи Јовановска Типко.

– Во недела можеме да ставиме крај на хаосот, партизацијата, безредието и апатијата. Гласај за 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски и 35 за советничката листа за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. Време е за стручност, професионалност и одговорност, велат од „Независни заедно“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар