Марковски: „План за Водно“ за заштита и искористување на потенцијалите на планината

Од:

„Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани – посетители.

Професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот).

Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на викендите ќе биде забранет сообраќајот, а ќе можат да се движат единствено електрични автобуси (до Средно Водно).

Марковски зборуваше и за изградба на станица за прва помош на Средно Водно, како и за нова mountain biking – велосипедска патека направена по современи стандарди.

Станува збор за мерки и политики кои се креирани во консултација со граѓаните, со луѓе кои поминуваат поголем дел од своето време на Водно, како едно од местата препознатливо за градот и за државата.

Кандидатот за градоначалник ги повикува граѓаните да гласаат за вистински промени, број 128 за градоначалник на Скопје и број 35 за листата советници за Град Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска.

Би можело да ве интересира

Ивановска: Спортско-рекреативниот центар „Кале“ е руина пред распаѓање, а просторот околу него е претворен во дива депонија

Марковски: Пречистителната станица е еден од најскапите проекти за Скопје

Марковски: Безбедни и функционални мостови, а не град на препукувања и префрлање одговорност

Граѓанската платформа „Независни заедно“ го претстави независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, професорот д-р Горан Марковски

(ВИДЕО) Марковски: Груевски не можел сам да го организира планот за бегство, одговорност да се бара во МВР, СЈО и Судот

Наум Локоски