Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Од:

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани.

– Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град, истакна проф. Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.

На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:

– Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме, истакна Белчева Андреевска.

Кандидатите ги повикаа граѓаните да гласаат за вистински промени, број 128 за градоначалник на Скопје и број 35 за листата советници за Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Марковски: Скопје мора да дише слободно

Мирослав Лабудовиќ – промоција на проектот „Плоштадот на заедништвото – ФЕНИКС“

Половина метар е најдолгото личве за Локалните избори

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Александра Цветановска: Центар што се грижи, прифаќа и создава можности за сите

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори