(ВИДЕО) Марковска: Бараме реформи во ВМРО-ДПМНЕ и оставка на Груевски

Од:

Ние ветераните од ВМРО-ДПМНЕ се решивме активно да се вклучиме во сите активности на реформаторите. Промените се природна појава и се што тргнало мора да се заврши, изјави пратеничката од првиот состав на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска.

– Добро е ВМРО-ДПМНЕ одреден период да биде дел од опозиција за да сфати каде греши и да ги поправи тие грешки. Ние не бараме ВМРО-ДПМНЕ да се расцепи, туку само бараме реформи внатре во партијата, односно оставка од претседателот Никола Груевски и уште некои луѓе од врвот на самата партија, рече Марковска.

Според ветеранот и еден од првите членови на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски, државнички потег е партијата да се реформира со што ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да гради соживот со Албанците и соработка со САД и ЕУ.

– Како членови на првиот повеќепартиски парламент го препознавме државниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ да се реформира и да го фати евро-атланскиот курс, како и да најде албанска партија за коалиција, како би се вратила повторно на власт, рече Пановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град