Поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски, отвори адвокатска канцеларија. Канцеларијата е отворена во центарот на Скопје, на улицата „Христо Смирненски“. Пријавата во Централниот регистар е одобрена вчера, 20 август.
Во именикот на адвокати на Адвокатската комора сè уште го нема неговото име и презиме како активен адвокат. Собранието го разреши Зврлевски поради нестручно и несовесно работење и порaди тоа, тој нема право да се врати на претходното работно место, во Скопското јавно обвинителство.
Поранешните државни јавни обвинители, Љупчо Шврговски и Стеван Павлески, станаа адвокати, а Шврговски го застапува е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков. Според податоците од биографијата на Зврлевски, тој две години, во периодот од 1998 до 2000 година бил адвокат.
Васко Маглешов