Марјан Спасовски се закани со тужба за Реџепи: Ги отфрлам обвинувањата за притисоци за преместување на Јовановски и Кочан

Од:

Директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, му се закани со тужба на поранешниот директор на затворот „Идризово“, Реџеп Реџепи. Спасовски во демантот вели дека не правел притисоци за преместување на затворениците Бојан Јовановски и Сеад Кочан.

„Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот ‘А1 он’, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови. Спасовски бара од Реџепи јавно да се извини во рок од три дена за изнесената клевета. Во спротивно ќе ги преземе сите институционални мерки за заштита на своето достоинство и интегритет“, се вели во демантот испратен од Министерството за права.

Во демантот се додава дека Марјан Спасовски ќе се бори против криминал и корупција во застворите.

„Ваквите изјави нема да ја поколебаат Управата за извршување на санкции да се справува против девијантните однесувања а неселективната борба против криминалот и корупцијата во казнено поправните установи ќе продолжи и во наредниот период“, додава Министерството за правда.

Претходно, ексдиректорот на „Идризово“, Реџепи за „А1он“ откри дека има притисоци од Марјан Спасовски да преместува затвореници.

„Марјан Спасовски секогаш ми правеше притисок за овие две личности, Бојан Јовановски и Сеад Кочан. Тој викаше дека тоа го бара СДСМ. Моето мислење е дека тоа не е барање на СДСМ, бидејќи тој сакаше да ја постигне неговата цел. Да рекетира. Тоа му е целта на него“, открива Реџепи за „А1он“.

„Марјан Спасовски ми правеше притисок за Боки 13, викаше дека бараат СДСМ, а сакаше да рекетира“, сведочи ексдиректорот на „Идризово“

Би можело да ве интересира

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“

Кризната состојба во КПД „Идризово“ ќе трае додека не се вработат нови затворски полицајци, вели директорот Јовановски

Затвореници од „Идризово“ нападнале 26-годишен осуденик

Зибери: Има елементи на повреда во однос на пречекорување на овластувањата на полицијата во „Идризово“