„Марјан Спасовски ми правеше притисок за Боки 13, викаше дека бараат СДСМ, а сакаше да рекетира“, сведочи ексдиректорот на „Идризово“

Од:

Поранешниот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи за „А1он“ сведочи дека трпел притисоци од директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, за да го премести Бојан Јовановски-Боки 13 во полоши услови. Реџепи открива дека Спасовски постојано го правел тоа, но тој не подлегнал на притисоците. Јовановски го оставил да ја отслужува казната, онаму каде бил сместен кога влегол во затворот.

Но не само за Јовановски, ексдиректорот на затворот посочува дека притисок од директорот на Управата, Спасовски, имал и за преместување на бизнисменот Сеад Кочан.

„Марјан Спасовски секогаш ми правеше притисок за овие две личности, Бојан Јовановски и Сеад Кочан. Тој викаше дека тоа го бара СДСМ. Моето мислење е дека тоа не е барање на СДСМ, бидејќи тој сакаше да ја постигне неговата цел. Да рекетира. Тоа му е целта на него“, открива Реџепи за „А1он“.

Прашан, дали директорот на Управата за санкции често го барал преместувањето на Јовановски и Кочан, по кое тој не постапувал бидејќи не било согласно закон, Реџепи за „А1он“ одговара: „Нонстоп го бараше тоа. За тоа нонстоп инсистираше. Кога ќе се сретневме, кога ќе дојдеше во Идризово го бараше тоа“.

„А1он“ втора недела не добива одговори од Марјан Спасовски дали вршел притисок врз новиот директор на затворот „Идризово“, Шпенд Таири, да го премести Јовановски. Тој молчи и на прашањето кои се причините за Јовановски да биде префрлен во старата зграда, доколку не станува збор за реваншизам или рекет.

Како што веќе објавивме, дента кога Јовановски е преместен, во посета на затворот бил Марјан Спасовски. Тој бил на настан, но одвоил време и за да го посети и затвореникот. Неколку часа подоцна, стигнала и наредбата.

Јовановски беше ставен во дел од затворот каде се отслужуваат казни и за тешки кривични дела, само неколку дена откако Реџепи беше разрешен. Неговото признавање дека трпел притисоци од Спасовски, доаѓа откако адвокатскиот тим на Јовановски изјави дека преместувањето е по нарачка од директорот на Управата за санкции.

Народниот правобранител нотира дека условите каде е однесен Јовановски се несоодветни за неговата здравствена состојба. Набрзо по преместувањето, тој заврши во болница. „А1он“ веќе објави дека поради неможноста во такви услови да ги следи докторските препораки, Јовановски завршил во болница, а можно е да му претстои операција со висок ризик за смртни последици.

Признавањето на Реџепи дека трпел притисоци од Спасовски за преместување на Јовановски, доаѓа откако по само неколку денови од неговото разрешување од директорската позиција, затвореникот заврши во нехумани услови.

Управата за санкции е институција која е хиерархиски надредена над директорите на затворите. Со неа, Марјан Спасовски раководи скоро две години. Тој дава предлог за именување и разрешување на директори по затворите, а се грижи и за условите.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески