Марјан Шокаровски е нов директор на Кардиохирургија

Од:

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на клиниката уште од нејзиното основање.

– Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

Би можело да ве интересира

Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

ВИДЕО: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Пријавени осум случаи за спорни операции на срце, Комисијата почнува да испитува

Катерина Ѓуровски

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија